Дивее пожар во кочанско - пожарникарите еден час се борат со огнената стихија

 

Дивее пожар во кочанско село Горни Подлог од 18 часот вечерва, информираат од Центарот за управување со кризи за Прес24. 

„ТППЕ Кочани, известува дека повторно има интервенција на запалено стрниште во близина на селото Горни Подлог. Силниот ветер го отежнува гасењето на пожарот. Моментално на терен се повеќе пожарникари со ПП возила, но итноста на настанот и зафатеноста на пожарникарите повторно не дозволуваат да располагаме со подетални податоци“, изјави портпаролот на ЦУК, Илија Бојадиновски.

Интервенцијата е започната во 18.00 часот. Покрај овој пожар низ Кочанско Поле горат стрништа и сува трева и на други локации (запалени како припреми за сеидба на обработливите површини), но моментално противпожарната единица интервенира на пожарот кај селото Горни Подлог, кој истиот го смета како поголема закана во однос на другите.

Повеќе информации следуваат наскоро.

17.01.2023 - 18:56

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега