Дипломатскиот пасош без Северна поминува граници - Функционерите нема да имаат мака ова лето
За функционерите не само што нема зима туку ќе има и убаво лето. Со 78% повисока плата и дипломатски пасош во џеб, македонскиот функционер може да патува каде сака. Летово ќе му бидат достапни сите плажи за разлика од просечниот граѓанин, кој ако некако успее да собере пари за одмор, единствена плажа која ќе у биде отворена ќе бидат оние на македонските езера или евентуално во соседна Албанија, бидејќи само таму може да се патува без пасош.
Пратеници на ВМРО-ДПМНЕ беа на границата со Бугарија. Таму во видеото може да се види дека дипломатскиот пасош може да излезе од земјава без разлика што на него стои Република Македонија.
Граничарот објаснува дека не добиле насоки да не ги пропуштаат за излез овие пасоши, додека обичниот пасош кој што го има секој граѓанин не ја минува границата. Едноставно македонските граничари не ве пуштаат да излезете од Македонија со него.
Премиерот Џафери утрово рече дека тоа е лажна вест о побара да се разреши секој кој користи стар пасош, иако и сам знае дека разрешување на пратеник не е едноставна процедура и за неа, едноставно власта нема мнозинство а не се исполнети ниту законските услови.
СДСМ пак денеска тврди дека пратениците на ВМРО-ДПМНЕ ги смениле пасошите. Набројаа неколку пратеници но меѓу нив не беше пратеникот Бране Петрушевски кој го покажа стариот дипломатски пасош.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа