Дипломатите го одбележаа 29 април - Денот на министерството за надворешни работи

 

На одбележувањето на 29 април - Денот на Министерството за надворешни работи, заменик-министерката за надворешни работи Фатмире Исаки го истакна исклучителниот придонес на вработените и институцијата во градењето на нашата современа држава и нејзиното етаблирање во меѓународните односи како рамноправен партнер, членка во клучните регионални и меѓународни организации, но не помалку важно – модерна и стабилна мулти-етничка демократија, пример во регионот и пошироко, информираат од МНР.

- Вонредните дипломатски напори што ги вложивме како наш одговор на заканите што ги предизвика воената агресија во Украина, потоа стартот на преговорите со ЕУ, постигнувањето целосна (100 отсто) усогласеност со надворешната и безбедносна политика на ЕУ, потпишувањето на Договорот со Фронтекс, отпочнувањето на Стратешкиот дијалог со САД, како ново поглавје во партнерството меѓу двете земји, успешното претседавање со Медитеранските партнери на ОБСЕ, влезот на земјава во Унијата за Медитеранот, и другите бројни дипломатски активности и проекти резултираа со досега најуспешно историско позиционирање на Северна Македонија, како важен актер на меѓународната сцена и активен чинител во придонесот кон меѓународниот мир и безбедност, потенцира Исаки.

За време на настанот се доделија традиционалните награди, „Млад дипломат на годината на Сејхан Зејнел, Ана Деребан-Блажевска и Петар Шипинкаровски и наградата „Дипломат на годината“ на Иван Каранфиловски и Сихана Ќерими-Балиу.

02.05.2023 - 16:58

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега