Димовски: Зошто ниту една институција и функционер не се произнесе за договорот Белград-Приштина?

Поранешниот пратеник од редовите на ВМРО-ДПМНЕ, Илија Димовски вели дека не му е јасно зошто ниту една институција и ниту еден функционер не се произнесоа околу договорот меѓу Белград и Приштина кој беше потпишан во Вашингтон со директно посредство на американскиот претседател Доналд Трамп.

-Нашата држава се произнесе за Венецуела, Северна Кореја, демократијата во Полска, но не и за прашања поврзани со Србија и Косово (две држави наши соседи со кои имаме најразвиена економска соработка и размена). Долг е списокот на институции и државни функционери кои треба, можат, или често го правеле тоа, да кажат став и да коментираат ваков чин од висок државен интерес и за Македонија, а сега не го сторија тоа:  Претседател на РМ; Претседател на Собрание на РМ;  Влада на РМ; Претседател на Влада на РМ; Министер или Министерство за надворешни работи; други министри кои раководат со политички ресори (одбрана, европски,...), но во конкретен случај и економски ресори (транспорт, економија,...), напиша Димовски на социјалната мрежа Фејсбук.

Според него, се забележува дека ниту една поголема и сериозна политичка партија формално и суштински не го искоментира договорт кој е од високо значење за регионалната состојба и стабилност на Балканот.

-Што е значајно да се каже за нашата државна позиција:  Ова прашање не треба да го гледаме низ призма на сентимент за било која од двете страни, туку исклучиво и единствено низ призма на интересот на Република Македонија и интересот на сите нејзини граѓани; 2. Наш интерес во регионот да има трајна стабилност и предвидливост; 3. Интерес на Република Македонија е да нема решавање на спорови со било каква промена на граници; 4. Наш интерес е да нема воени конфликти на било која од нашите граници заради опасност огнот да се прошири кон нас; 5. Интерес на Република Македонија е да се инвестира во инфраструктура, транспорт, трговија и економија било каде во нашето соседство, затоа што така и ние стануваме конкурентни. Од тука навистина не ми е јасно зошто ниту една државна институција, функционер и политичка партија не одмери дека е потребно да каже и прокоментира:Го поздравуваме одговорниот однос и приодот на Република Србија и Република Косово кон меѓусебните односи, а за нас е битно да нема воени и територијални решенија за проблемите на Балканот, ја поддржуваме економска соработка и инфраструктурни инвестиции. Толку. Толку требаше, вели Димовски.

Ниту една македонска државна институција не се произнесе (да поздрави, поддржи, коментира,...) за потпишаните документи...

Posted by Ilija Dimovski on Monday, 7 September 2020

 

 

 

Добивајте вести на Viber

07.09.2020 - 11:37

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега