Димовски: Нас ни беше доста нејасно како може веднаш да се алармира дека е киднапирано девојчето

 


На почетокот од истрагата сметавме дека девојчето доброволно влегло во некое возило и дека го напуштила домот, дека едноставно сакала да ги казни родителите. Немаше логика дека е киднапирана, немаше ниту откуп, ништо, изјави началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, кој сведочеше на денешното рочиште за двојното убиство на малолетната Вања Ѓорчевска и велешанецот Панче Жежовски, во Основниот кривичен суд Скопје.

Сведокот Дејан Димовски, кој во тоа време работел како началник на единица за насилен криминал во СВР Скопје, за настанот бил известен на 27 ноември 2023 година, што како што вели било невообичаено, иако надлежноста за постапување по исчезнатото девојче било под ПС Центар.

-Во текот на вечерните часови добив повик од помошник началник на СВР Скопје дека ќе треба да се вклучиме и ние, бидејќи има изјави од родителите дека девојчето може да е киднапирано. Се собравме во СВР Скопје. Имаше доста нелогичности и нас не ни беше јасно. Ги повикавме родителите, наставничката, директорката, педагогот... нас ни беше доста нејасно како може веднаш да се алармира дека е киднапирано девојчето. Нормално би било прво да видат дели е кај некоја другарка или друго, изјави сведокот.

Класната, посочи сведокот претходниот ден разговарала со Зорица за некој проблем во класот за некоја книга и имале пракса ако некое дете не е на час, класната да ги извести родителите, па така мајката ја добила информацијата дека девојчето не е отидено во училиште. Чудно, посочи сведокот, било тоа што таткото Александар упорно велел дека девојчето е киднапирано.

- Дури во еден момент се сеќавам на мајката реков дека тоа дури е добро, бидејќи ако е киднапирана ќе имаше некоја трага или повик. Нормално немаше такво нешто. Работевме со тоа што имавме. Дека наводно имала виртуелен дечко од Албанија, во Шведска. Се помисливме дека нешто се случило, па го проверуваме и видовме дека тоа лице има слика од ИСИС на својот профил... Сакам да кажам изгубивме доста време во испитување на тоа. Скоро два дена. Родителите цело време беа со нас, изјави сведокот. Излеговме на терен и од камерите заклучивме дека нема шанса девојчето физички да ја напуштила зградата и дека мора да било со возило, но кое возило. - Ние мислевме на почетокот и дека дури доброволно влегла во некое возило. Од профолириањето ние дури мислевме дека девојчето сакал да речам на некои начин да го казни родителите и да го напуштила домот. Баравме возило во кое има девојче, изјави сведокот.

 

18.10.2024 - 12:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега