Димовски: Бараме да не се тактизира со усогласувањето на платите со минималецот
Да не се тактизира со усогласувањето на платите со минималецот, апелира претседателот на Сојузот на синдикати на Македонија, Дарко Димовски.
На гостувањето во „Утрински брифинг“, Димовски вели дека со порастот на минималната плата треба да се усогласат сите плати.
-Сега на ред се гранковите синдикати кои бараат тоа зголемување да се спроведе. За тоа скалесто зголемување треба да се испреговара со работодавачите. Според законот, работодавачите се должни тоа усогласување да го спроведат во рок од шест месеци. И тоа се одолговлекува, иако како работници сме во тешка состојба бидејќи веќе има голема инфлација. Бараме да не се тактизира, да го задржиме работникот во Македонија, а не да градиме туѓи економии, истакна Димовски.
Додаде дека во континуитет се разговара меѓу социјалните партнери и дека предлогот на ССМ е да се покачи платата линеарно, односно ако на најниската плата има покачување од 2.800 денари, да се зголемат и сите останати плати за оваа сума.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа