Димитријевиќ: Стефковски троши 650.000 евра народни пари за партиски вработувања во Општина Гази Баба


Александар Саша Димитријевиќ, координатор на советничка група на СДСМ во Советот на Општина Гази Баба наа денешната прес-конференција изјави дека за две и пол години од мандатот, единствен резултат на градоначалникот Бобан Стефковски се партиските вработувања и непотизмот во општината.

Потрошени се 26 милиони денари односно, над 450.000 евра за времени вработувања, посочи Димитријевиќ.

„Минимум 12 милиони денари или близу 200.000 евра е планирано да се одлеат од џебот на граѓаните само за оваа 2024та година.

Верувале или не, за две ипол години дури 650.000 евра за вдомување на партиските кадри на Вмро Дпмне.

Со овие средства на најмладите ќе им обезбедеше 4 нови градинки,проблемот со паркирањето и сообраќајниот хаос во Автомоманда ќе беше уште оддамна минато, а ќе се поставеа неколку километри водоводна и канализациона мрежа.

Токму затоа ставката во буџетот на привремени вработувања е 100% реализирана“, заклучи Димитријевиќ.
Тој истакна дека градоначалникот Стефковски безмилосно троши народни пари за својте сопартици.

„Мои сограѓани, таква е реалната слика кога вмро дпмне ја практицира власта, а наместо капитални проекти, граѓаните плаќаат за вработувања.

Градоначалникот Стефковски едно ветуваше кога ја бараше довербата од граѓаните а сосема друго прави од позиција кога е седнат во фотеља“, рече Димитријевиќ.

04.03.2024 - 14:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега