Димитриевски во Јегуновце: Заедно со граѓаните сакаме да ги направиме промените во Македонија

Караванот на Максим Димитриевски, каднидатот за Претседател на Македонија од  Движење ЗНАМ – За наша Македонија, денеска беше во посета на полошкиот регион. Најнапред се задржа во Јегуновце.
Тој пред насобраните граѓани рече дека Претседателот за да биде реален заштитник  на граѓаните и нивните интереси  мора да излезе од граѓаните. Во спротивно е послушник на оној политички субјект кој го кандидира.
Димитриевски зборувајќи за состојбите во државата потенцира:
„За мене уставните предлози за уставните измени во делот на менување на процентите за употреба на јазиците  и дополнително уставни измени за трансформација на Македонија  во држава којашто ќе биде на граѓаните, а не на македонскиот народ  и останатите етнички заедници е неприфатлива.
Затоа што  со тој предлог некој свесно сака да не втурне во процес кој се нарекува, на долгорочен план, редефинирање на суштината на државата и редефинирање на државнотто уредување. Македонија единстено е Република 
и таква мора да остане. Уште од Крушево, преку АСНОМ, тоа со печат и потпис на нашите револуционери е потврдено“.

Димитриевски рече дека според него со сите уставни измени кое се направени досега  Рамковниот договор во целост е исполнет. Но, за жал, додаде тој,  во општеството се создава една голема фрустрација, особено  кај македонскиот народ и македонските граѓани и истите сметаат дека се случува невидена албанизација на Македонија и продолжи:

09.04.2024 - 20:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега