ДИК: На 50% обработени податоци Силјановска Давкова има предност од над 80.000 гласа

На 50,3% обработени податоци кандидатката на ВМРО-ДПМНЕ, Гордана Силјановска Давкова освоила 160.884 гласа, објави Државната изборна комисија.

Според податоците, втор е кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски кој има освоено 79.050 гласа. Трет е Бујар Османи со освоени 71.482 гласа. Потоа следуваат Арбен Таравари со 52.684, Максим Димитриевски со 34.230, Билјана Ванковска 19.052 и Стевчо Јакимовски со 4.333 гласа.

24.04.2024 - 20:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега