Детектор: Секој трет граѓанин лани користел онлајн услуга

 

Силна двојка му дале граѓаните на процесот на дигитализација во Македонија. Последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје покажува дека граѓаните се повеќе користат онлајн услуги иако и самите не се многу задоволни од нив. 

Околу четвртина од граѓаните дигитализацијата во земјава ја оцениле со оценка 3, а нешто под 24% до двојка. 16% дале единица а 7% петка.
Нешто повеќе од една третина или 37,5% рекле дека досега користеле некоја од онлајн услугите на државните институции. Во споредба со анкетата од минатата година, бележиме значителен раст на граѓани кои што услугите ги користат онлајн, имајќи предвид дека ланската анкета покажа дека дигитални услуги користеле 26,5% од граѓаните.

Најмногу онлајн  се користеле услугите на МВР. Такво искуство имаат 34,6% од анкетираните. Следи Управата за матични книги, катастарот и општините.

 

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

 

24.03.2024 - 16:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега