Детектор: Мнозинството граѓани бараат да се забрани или ограничи вештачката интелигенција

Нешто под половина од анкетираните сметаат дека употребата на вештачката интелигенција треба да се забрани или да се ограничи. Ваков став делат точно 48,4% од анкетираните додека во спротивното се убедени 21,8% покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.

Голема е поделеноста околу тоа дали животот во иднина ќе биде полесен или потежок со технологијата на вештачката интелигенција.

28,7% сметаат дека животот ќе биде полесен, 28,8% дека ќе биде потежок а 9,9% дека нема да има промена.

Помладите граѓани се на ставот дека ќе биде полесно со вештачка интелигенција додека повозрасните помалку веруваат во тоа.

Близу 60% од анкетираните граѓани се убедени дека нема да можат да препознаат доколку некој аудио или видео материјал бил менуван со користење на вештачка интелигенција, додека 30,9% за себе сметаат дека имаат капацитет и вештини да го забележат тоа.

Анкетата за Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања врз репрезентативен примерок од 1078 испитаници во периодот од 21 до 24 март

 

07.04.2024 - 16:36

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега