Детектор: Македонија најголем пријател гледа во Србија
Македонија има најдобри односи со Србија, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.
Според него, 56,5% од граѓаните сметаат дека најдобри односи имаме со Србија. На второ место е Албанија со 11,3% а на трето Турција со 3,3%: Тука некаде е и Косово по што следи Хрватска со 2,6%, Словенија со 1,2%, Грција со 1,1% и Бугарија со 0,9%.
Македонците во огромно мнозинство најдобри односи сметаат дека имаме со Србија. Нивниот процент надминува 72%. Кај етничките Албанци, Албанија е земјата со која сметаат дека имаме најдобри односи. Ваков став делат 39,8%.
Оттука, очекувано најмал број на граѓани сметаат дека имаме најдобри односи со Србија во полошкиот регион, а најголем во североисточниот.
Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа