Детектор: Две третини од Македонците сметаат дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација на Македонија

 

Граѓаните во мнозинство сметаат дека преговарачката рамка е на штета на македонските национални интереси, покажува последното истражување на јавното мислење кое за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје.


Според него, 50,9% од анкетираните се согласуваат со тврдењето дека оваа преговарачка рамка ја става Македонија во потчинета положба и претставува вовед во бугаризација на земјата. Само 21% од анкетираните се согласуваат со тврдењето дека Преговарачката рамка ги зема предвид повеќето македонски барања и го гарантира македонскиот идентитет.
Но Македонците и Албанците имаат дијаметрално спротивни ставови.


Додека 62% од Македонците сметаат дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација на Македонија, дури 54,4% од Албанците се на ставот дека преговарачката рамка го гарантира македонскиот идентитет.
Најзагрижени дека преговарачката рамка е вовед во бугаризација се повозрасните и граѓаните меѓу 30 и 39 годишна возраст.

Најмала е загриженоста кај најмладите.

Близу половина од граѓаните или 48,4% сметаат дека има многу дезинформации по ова прашање, додека 26,9% велат дека нема дезинформации.


Анкетата на Институтот за политички истражувања Скопје е спроведена телефонски во периодот од 2 до 6 мај, годинава врз репрезентативен примерок од 1112 испитаници.

14.05.2023 - 16:04

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега