Детектор: Денеска е потешко да завршите работа онлајн отколку пред 5 години

 


Мнозинството граѓани или 49% од нив сметаат дека денеска е потешко да се извадат документи или да се заврши некоја административна услуга споредено со пред 5 години, покажува последното истражување на јавното мислење кое по нарачка на Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. 26,7% не гледаат никакви промени а 19% сметаат дека денеска полесно се завршуваат работите кои ги имаат со јавните служби.

Споредбата со ланската анкета покажува дека оваа година бројот на граѓани кои сметаат дека денеска потешко се соработува со државните служби отколку пред 5 години, скокнал од 25,7% лани на 49% оваа година.

 

И покрај серијата проблеми со хакери кои ги имаат мноштво државни институции, кај граѓаните нема некое посебно зголемување на ставот за безбедноста на нивните лични податоци.

Ако лани, 32% сметале дека нивните лични податоци не се безбедни и заштитени, оваа година таа бројка паднала на 31,5%.
57,5% сметаат дека нивните лични податоци се заштитени, што е над 10 поени повеќе од ланските 46,6%.

Над половина од граѓаните или 55,2%  сметаат дека реформата во јавната администрација треба да биде насочена кон дигитализација и намалување на бројот на вработени. Само 23,7% од анкетираните сметаат дека реформата треба да се фокусира на обуки на вработените и нови вработувања. Ова прашање о поставуваме во серија наши анкети во последните 5 години и нема некои промени во расположението на граѓаните. Во сите, над половина од граѓаните сметаат дека реформите треба да бидат насочени кон дигитализација и намалување на бројот на вработени.

Анкетата по нарачка на Детектор телефонски ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1101 испитаници во периодот од 18 до 22 февруари годинава.

24.03.2024 - 16:25

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега