Детектор анкета: Над три четвртини од граѓаните бараат проверка на имотот на судиите
Над три четвртини од граѓаните или 78,6% сметаат дека треба да се направи ветинг во судството, односно да се провери имотната состојба на судиите заедно со судските случаи во кои биле вклучени под мониторинг на меѓународната заедница. Само 10,7% сметаат дека ветинг на судиите не е потребен. Вакви податоци дава последната анкета која по нарачка на Детектор ја спроведе Институтот за политички истражувања Скопје. Деталната анализа покажува дека околу 82% од вработените во приватниот сектор и оние кои што се самовработени како и земјоделците поддржуваат ветинг во судството додека овој процент кај вработените во јавниот сектор се спушта на 77,%, а најнизок е кај студентите, 75%.
Истражувањето на јавното мислење за Детектор го спроведе Институтот за политички истражувања Скопје врз репрезентативен примерок од 1115 испитаници во периодот од 01 до 04 февруари оваа година
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа