Дете прегази дете во школски двор

Вчера околу 13.30 часот во Полициската станица Валандово било пријавено дека во двор на основно училиште во Валандово, мотоцикл, управуван од малолетник од Валандово, удрил во малолетен седумгодишен пешак од с.Пирава, валандовско.

Детето со итна помош прво било однесено во Здравствениот дом во Валандово, а откако му биле утврдени сериозни повредени било префрлено во општата болница во Гевгелија, а оттаму на крајот е донесено во Градската болница за хируршки болести „Свети Наум Охридски“ во Скопје.

Полицијата извршила увид.

29.05.2024 - 18:41

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега