Детално ќе се испитува случајот со новороденчето со скршена рака

Комисија формирана од Гинекологија и уште една Комисија од Министерството за здравство ќе истражат како дошло до до скршеницата на раката кај новороденчето и дали биле запазени сите протоколи, пренесе Сител. Како што рекоа гинеколозите, повредата на бебето е санирана и без последици, а ќе се проверува дали некој од вработените се однесувал несоодветно и како што обвинуваат од семејството, ги избркале без да му дозволат на таткото да ја види ќерката. Стручните лица ја проверуваат документацијата од самиот прием на родилката.

-Неможе да се најде дека е направена грешка на тимот, како гинеколошки така и педијатриски кои биде дежурни на 30 ти, вели Викторија Јовановска, директор на Клиника за Гинекологија.

Вчера, таткото Благојче Дамјановски, во изјава за Сител изјави дека некој се обидувал да го сокрие случајот. Директорката на Гинекологија, пак, објасни дека вакви компликации иако се ректи можат да настанат кога плодот е попречно поставен.

-Бебето не и го носеа да го види, дојдовме да прашаме што се случува, ни кажаа бебето кога е породено е со исчашена рака, односно, скршена рака вели Благојче Дамјановски

-Семејството кога дојде денес ги примив, им објаснив како е дојдено до компликацијата, тие реагираа дека мајката не била со многу плодова вода, но пак разговарав со дежурната екипа, таа така и била примена видено е тоа на ултразвук и примена е како мајка со ризик и веднаш е испратена во родилна сала за да биде извршено породувањето, вели  Јовановска.

По појавата на отокот на раката од Гинекологија тврдат дека веднаш побарале помош од Детска хирургија а на мајката не и кажале веднаш се додека не добијат потврда за што станува збор. Не го видела бебето веднаш бидејќи по породувањето била на Интензивна.

-Кога мајката е оперирана и е на Интензивна нега, по протокол не ги носиме децата на интензивна каде има тешки пациенти со сериозни дијагнози, вели Јовановска.

 

02.01.2024 - 17:10

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега