Денот на независноста одбележан во седиштето на грчките НАТО сили за брзо распоредување во Солун

 

Со интонирање на македонската химна и кревање на македонското знаме, во присуство на дипломатскиот кор, во седиштето на грчките НАТО сили за брзо распоредување во Солун, вчера, за првпат, беше одбележан 8 септември, Денот на независноста, а свој поздравен говор имаше и генералниот конзул на Северна Македонија Дејан Ѓучиќ, јави дописничката на МИА од Атина.

Церемонијата во штабот на НАТО сили за брзо распоредување (НРДЦ-ГРЦИЈА) првично требаше да се одржи на 8 септември, меѓутоа поради поплавите во Грција беше одложена за една седмица.

Ова е првпат во историјата да се одбележи македонскиот ден на независноста во седиштето на НРДЦ, а церемонијата се очекува да стане традиционална и да се одржува секоја година, како што е случај и со националните празници на останатите земји- членки кои имаат свој претставник конкретниот штаб во Солун.

На присутните им се обрати командантот на силите, генерал полковник Парис Каправелос, како и генералниот конзул во Солун Дејан Ѓучиќ.

16.09.2023 - 10:24

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега