Денеска рекорден број на нови случаи позитивни на ковид 19 - починаа уште 5 лица

Министерството за здравство согласно податоците од Институтот за јавно здравје информираше дека во последните 24 часа се направени 3.312 тестирања, а регистрирани се 807 нови случаи на ковид-19 во: Скопје – 359, Куманово и Охрид – по 38, Кавадарци, Струмица и Неготино – по 36, Гевгелија – 35, Тетово и Прилеп – по 34, Гостивар – 29, Битола – 25, Велес – 24, Крива Паланка – 12, Кочани и Крушево – по 11, Ресен – 6, Струга, Кичево и Валандово – по 5, Пробиштип и Богданци – по 4, Штип, Дебар, Берово и Демир Хисар – по 3, Делчево и Радовиш – по 2, Свети Николе, Виница, Кратово и Демир Капија – по 1.
Ова е најголем број на нови случаи од почетокот на оваа година. Последен пат над 800 нови случаи биле регистрирани на 19 декември лани кога за 24 часа, Министерството за здравство објави дека се детектирани 815 нови случаи.
No description available.
Уште 314 пациенти ја добија битката со вирусоит. Од нив 135 се од Скопје, Кавадарци – 61, Прилеп – 41, Неготино -16, Куманово – 12, Тетово – 11, Велес – 7, Гостивар и Кратово – по 5, Штип и Битола – по 4, Гевгелија – 3, Ресен и Пробиштип – по 2, Охрид, Кочани, Радовиш, Берово, Виница и Крушево – по 1.
Пријавени се вкупно 5 починати лица. Починати се по 4 пациенти од Скопје (80г,74г,68г,65г) и 1 пациент од Штип (81г). Сите пациенти се починати во болнички услови.
Направени се 3312 тестови преку: ИЈЗ-755, ЦЈЗ Скопје-87, Авицена-291, Биотек-248, Жан Митрев (Филип Втори)-170, Систина-273, лабораторија Лаор–265, МАНУ-0, Судска медицина-10, ЦЈЗ Битола-103, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, ГАК-0, Синлаб-66, Ремедика-32, лабораторија болница Козле-19, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест) – вкупно 990, УК Пулмологија со алергологија–3, ГОБ 8-ми Септември-0, лаборатории од странство-0.
Досега во земјата се направени вкупно 530.182 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 104.548, бројката на оздравени пациенти е 92.189, на починати е 3.156, а бројот на активни случаи изнесува 9.203.
Според досега завршените епидемиолошки анализи во моментов дистрибуцијата по градови е следна:
Дистрибуција по градови Заболени (нови) Активни случаи (вкупно)
Скопје 359, активни 4145
Куманово 38, активни 338
Тетово 34, активни 323
Прилеп 34, активни 643
Гостивар 29, активни 184
Штип 3, активни 121
Велес 24, активни 278
Битола 25, активни 209
Кавадарци 36, активни 604
Охрид 38, активни 475
Струмица 36, активни 220
Струга 5, активни 190
Кочани 11, активни 91
Кичево 5, активни 74
Неготино 36, активни 264
Гевгелија 35, активни 223
Свети Николе 1, активни 26
Крива Паланка 12, активни 114
Ресен 6, активни 65
Дебар 3, активни 43
Делчево 2, активни 184
Радовиш 2, активни 23
Берово 3, активни 32
Пробиштип 4, активни 32
Виница 1, активни 27
Валандово 5, активни 32
Крушево 11, активни 85
Кратово 1, активни 28
Богданци 4, активни 51
Демир Хисар 3, активни 23
Македонски Брод, активни 8
Демир Капија 1, активни 40
Македонска Каменица, активни 3
Пехчево, активни 4
Дојран, активни 1
 

 

 

Добивајте вести на Viber

03.03.2021 - 15:01

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега