Денеска фотографирање без закажан термин за граѓани кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ

Министерството за внатрешни работи денеска во периодот до 08.00 до 15.00 часот ќе организира фотографирање за лични документи без закажан термин во подрачните канцеларии за управни работи низ државата (за Скопје во пунктот „Пролет“) за граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, ниту лична карта ниту пасош.

Од МВР ги повикуваат граѓаните кои наполниле 18 години, а немаат никаков биометриски документ, да дојдат во сабота во подрачните канцеларии за управни работи низ државата, за да бидат фотографирани и навремено да им биде изработен личниот документ, со цел да можат да го остварат своето право на глас на претстојните избори.

 
 
06.04.2024 - 11:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега