Денеска е Недела на Света Марија Египетска: Надеж за сите кои искрено ќе се покајат
Петтата недела од Великиот Пост е посветена на преподобната Марија Египетска бидејќи во оваа недела, една пред почетокот на Страсната Седмица, Црквата ја достигнува полнотата на покајанието.
А светата Марија Египетска е впечатлив пример токму на длабоко покајание.
Таа од својата дванаесетта година почнала да живее развратно и во разврат поминала седумнаесет години. Во една прилика, дошла во Јерусалим и посакала да влезе в црква и да му се поклони на Чесниот Крст, но некоја невидлива сила ја задржувала и не ѝ допуштала да влезе.
Во голем страв погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, ветувајќи дека потоа ќе го смени својот живот.
Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква. А таа, откако го целивала Чесниот Крст, оставила сè и се населила во пустината од другата страна на Јордан. Таму поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маки, во борба со страсните помисли како со диви ѕверови. Така, таа од голема грешница, со Божја помош, станала голема светителка.
Денес се чествува Света Марија Египетска која претставува надеж за сите оние кои искрено ќе се покајат и ќе тргнат по вистинскиот пат со помош на божјата правда…
Во голем страв погледнала во иконата на Пресвета Богородица во припратата на црквата, молејќи се кон Пречистата да ѝ дозволи да влезе и да го целива Чесниот Крст, исповедајќи ја својата грешност и нечистотија, а ветувајќи дека по ова ќе појде таму каде што ќе ја упати Богородица. Тогаш ѝ било дозволено да влезе в црква. Откако го целивала Чесниот Крст повторно излегла во припратата пред иконата и ѝ се заблагодарила на Пресвета Богородица, но во тој миг чула глас: „Ако го преминеш Јордан, ќе најдеш мир!“
Таа веднаш купила три леба и тргнала кон Јордан, каде што стигнала истата вечер. Утредента се причестила во манастирот на Св. Јован и ја преминала реката. Во пустината поживеала цели четириесет и осум години, во преголеми маки, во страв, во борба со страсните помисли како со диви ѕверови. Се хранела со зелје. Сега таа го замоли свети Зосим идната година да дојде на брегот на Јордан и да и’ донесе Причест, ветувајќи му дека ќе дојде да се причести. Следната година авва Зосим дојде на брегот носејќи ѝ Света Причест, а се чудеше како светителката ќе го премине Јордан.
Во тој миг виде на блесокот од месечината дека таа дојде до реката, ја прекрсти и појде по водата како по суво. Кога ја причести, го замоли идната година да дојде кај истиот оној поток каде што се видоа првпат. Авва Зосим појде и на тоа место го најде нејзиното мртво тело, а над главата натпис: „Погребај го, авво Зосиме, на ова место телото на смирената Марија, предај му го правот на правот, се претставив на први април, во ноќта на спасоносното Христово страдање, по причестувањето со Божествените Тајни“. Од овој натпис авва Зосим го дозна прво нејзиното име, а второ страшното чудо дека таа претходната година, истата онаа ноќ кога се причести, стасала до овој поток до којшто тој мораше да патува дваесет дена.
Вака Зосим го погреба телото на чудесната светителка Марија Египетска. А кога се врати во манастирот, ја раскажа целата историја на нејзиниот живот и чудото коешто самиот го виде од неа. Така ја прослави Господ покајаната грешница.
Света Марија се споменува и во петтата недела на Чесниот Пост. Во тие денови Црквата им ја предочува на верните како пример за покајание.
Се упокои во Господа околу 530 година.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа