Денес почнува Саем на книгата 2023 во Гевгелија

 

ЈОУ Библиотека „Гоце Делчев“ - Гевгелија организира Саем на книгата 2023, на кој ќе се претстават издавачки куќи присутни во македонското издаваштво: Три, Антолог, Матица, Култура, Феникс, Паблишер, Божилак.

Саемот ќе биде поставен на платото пред Народниот театар во Гевгелија и ќе биде отворен од 18-ти мај (четврток) до 23-ти мај (вторник) секој работен ден од 10:00 до 20:00 часот.

Книгите од македонските издавачи ќе бидат достапни по специјални саемски цени.

18.05.2023 - 09:06

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега