Демири: Владата ги презеде трошоците за лекувањето на Леонид Индов

Владата на една од изминатите седници донесе заклучок со кој ги презема трошоците за лекување на Леонид Индов, потврди денеска министерот за здравство Илир Демири.

-Даден е налог и тоа треба да е завршено како процедура и да е финализирано. Сепак, утре има седница на Влада, ќе се распрашам и ќе видам дали е финализирано плаќањето за лекувањето на нашиот сограѓанин Леонид Индов, рече Демири во одговор на прашање на денешната прес-конференција.

22.04.2024 - 22:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега