Делегација на ЕУ: Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот договор

 

Ја нагласуваме важноста од континуирано спроведување на Охридскиот рамковен договор, кој повикува на целосно почитување на принципот на недискриминација и еднаков третман, особено во јавната администрација, велат од Делегација на ЕУ, прашани за став во врска со одлуката на Уставен суд за укинување на „балансерот“.

- ЕУ Делегацијата ја нотира одлуката на Уставниот суд. Одлуката на Судот доаѓа откако владата ги објави своите намери да го реформира системот и да го замени Балансерот. Очекуваме да ги видиме предлозите, наведуваат од Делегација на ЕУ.

10.10.2024 - 18:14

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега