Дамева ќе оди на средба со Мицкоски во Влада - ниската доверба во судството и повикот за реформи главни теми

Претседателката на Судскиот совет, Весна Дамева попладнево ќе оди во Владата на средба со премиерот Мицкоски и министерот за правда Игор Филков. Средбата е закажана за в 17:00 часот, по што премиерот ќе одржи прес-конференција.

-Средбата доаѓа по бројните забелешки за работата на Судскиот совет, ниската доверба и отворениот повик на Владата и премиерот Мицкоски за предлози за реформи во Судскиот совет.По завршување на средбата, Претседателот на Владата Мицкоски ќе даде изјава за медиуми, велат од владината прес-служба.

20.08.2024 - 10:07

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега