Дали е можно зголемување на минималната плата на 18.000 денари?
Минимална плата од 18.000 денари. Реалност или предибворен трик? Синдикатот е За, работодавачите против, анализира Сител.
Преговорите меѓу засегнатите, со посредство на Владата - почнаа. Сојузот кој ги штити работничките права вели неминово е зголемување на минимелцот, за да можат вработените да преживеат. Со вакви примања не можат да го следат трендот на пораст на цените на основните произзводи.
Минималната плата мора да се зголеми. „ССМ укажува дека во услови кога Синдикалната минимална кошница за август 2021 година изнесува 34.342 денари, постои реална потреба од зголемување на минималната плата, а со дискусијата ако минималната плата дојде до висина од најмалку 18.000 денари, тогаш отприлика две минимални плати би биле доволни да ја покријат синдикалната минимална кошница што би значело подобрување на животниот стандард на македонскиот работник на кој очигледно му е потреба плата за живот“, изјави Слободан Трендафилов, ССМ.
Работодавалите пак велат – сега не е време за зголемување на минималецот. Во моментов таа изнесува 50% од просечната, плата, со што се исполнети криитериумите кои ги бара Европската Унија. Уште едно зголемување на минималната плата ќе предизвика нерамноправност меѓу работниците.
Целата анализа прочитајте ја ТУКА.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа