ЦУК: Вкупно 31 пожар на отворен простор, 15 се активни

Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека денеска, четврток, до 19:00 часот има вкупно 31 пожар на отворен простор, од кои во моментов 15 се активни, пет се под контрола и 11 се изгаснати.

Активните пожари на отворен простор се во:


  • Општина Македонски Брод: с. Тажево – с. Брезница – Јасен
  • Општина Демир Хисар и Општина Охрид: Илинска Планина, кај с. Брежани
  • Општина Студеничани: с. Драчевица – с. Црвена Вода
  • Општина Кичево: с. Челопеци
  • Општина Кичево: с. Зајас – с. Бачишта
  • Општина Дебар: над с. Горно Косоврасти – Рајчица – Татар Елевци
  • Општина Охрид: Галичица
  • Општина Македонска Каменица: с. Дулица
  • Општина Бутел – во близина на трафостаница на МЕПСО
  • Општина Студеничани: м.в. Дрешница – с. Батинци
  • Општина Сарај: с. Ласкарци, стариот пат Скопје – Тетово
  • Општина Гази Баба: депонија Вардариште
  • Општина Тетово: Тетово
  • Општина Старо Нагоричане: кај с. Никуљане на две различни локации
  • Општина Липково: с. Отља.

Под контрола се ставени пожарите на отворено во:

  1. Општина Петровец: с. Градманци – Дивље
  2. Општина Чашка: с. Папрадиште – с. Ореше
  3. Општина Макдонски Брод: с. Слатина
  4. Општина Пласница: с. Пласница (изгаснат) – с. Латово (чади)
  5. Општина Делчево: Депонија Делчево

Изгаснати се 11 пожари на отворено во:

  1. Општина Кочани: м.в. Панаѓур, кај одморалиштата на Пониква
  2. Општина Гевгелија: с. Негорци
  3. Општина Гостивар: с. Горна Бањица
  4. Општина Гостивар: кај поранешната касарна во Гостивар
  5. Општина Крива Паланка: с. Конопница
  6. Општина Македонски Брод: с. Слатина
  7. Општина Крушево: градска депонија
  8. Општина Теарце: с. Доброште
  9. Општина Тетово: Тетово
  10. Општина Арачиново: с. Орланци
  11. Општина Кисела Вода: бул. Борис Трајковски
08.08.2024 - 22:45

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега