ЦУК: Пожарникари утрово гаснеа запалени бараки и куќи во Драчево, истрагата за пожарот е во тек
Центарот за управување со кризи (ЦУК) информира дека пожарникарите истовремено гаснеле пожари во урбани средини. ЦУК информира дека за пожар на повеќе куќи во скопско Драчево, биле ангажирани голем број ПП возила и пожарникари. Конкретно Регионалниот ЦУК Скопје, известува дека БППЗ на Град Скопје од 17.25 до 03.00 часот утрово гаснеле запалени бараки, куќи, на ул. „Бранко Заревски“ бр.36 во населбата Драчево, Општина Кисела Вода. Пожарот бил проширен на околните три бараки. Интервенцијата ја извршиле со 8 ПП возила и 30 пожарникари. До утринскиот извештај ЦУК нема пристигнато информација за материјалната штета, зафатената површина, а и за причината за пожарот. Најверојатно истрагата ќе се врши подоцна.
ЦУК апелира за да не се палат стрништа, шума и друга вегетација, а и отпадоци, ѓубришта и контејнери на отворено, бидејќи тоа го намалува квалитетот на амбиенталниот воздух и секако граѓаните да ги слушаат препораките на пожарникарите преку медиумите за превенција од пожари, а секако да бидат внимателни и при прошетките во природа, бидејќи на повисоките места во планински осои се на многу места замрзнати, oсобено на почетокот и на крајот од денот.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа