ЦУК: Побарана воздушна поддршка за ставање под контрола на пожарот над Вешала
Центарот за управување со кризи соопшти дека од утрово е во комуникација со институциите и силите за гасење на пожарот над село Вешала во Општина Тетово што и утрово е се уште активен на недостапен терен.
Заради засилувањето на топлиот ветер и огнот зафатена е букова шума.
-Утрово, во 06,55 часот екипа од 10 вработени (ренџери) во Националниот парк „Шар планина“ од Тетово отидени се на терен за гасење на пожарот.
Од Националниот парк се бара и асистенција од другите надлежни институции што порано да се интервенира, заради тоа што ренџерите со грбни ПП прскалки („напртњачи“) не ќе можеле да го локализираат пожарот.
Од терен е побарана итна воздушна поддршка заради неможноста пожарот да се стави под контрола, наведуваат од ЦУК.
Од ЦУК е побарана воздушна поддршка од ДЗС и МВР, а преку РЦУК Тетово е побарано од пожарникарите од ТППЕ Тетово да пратат камион со вода за ренџерите да имаат повеќе вода за интервенција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа