Црвен крст Куманово подели над 100 пакети за ранливите семејства од Куманово, Липково и Старо Нагоричане
Кумановскиот Црвен крст подели 75 пакети со храна за ранливите категории семејства од општините Старо Нагоричане и Липково, соопштија денеска надлежните.
Дополнително 30 пакети беа поделени на кумановски семејства.
– По повод Новогодишните празници, во изминатиов период Црвен крст на Република Северна Македонија – Општинска организација Куманово заедно со своите волонтери подели 75 прехранбени пакети со храна донација од банка наменети за стари лица од рурални средини на територија на Општина Старо Нагоричане и Липково. Освен тоа 30 хуманитарни пакети обезбедени од Општинската организација Куманово, беа поделени и за ранливото население од централното градско подрачје, изјави в.д. секретарот на Црвен крст Куманово, Ива Младеновска.
Црвен крст Куманово и во наредниот период ќе продолжи со дистрибуција на хуманитарна помош за најранливите семејства од општините Куманово, Липково и Старо Нагоричане. Ова се редовни активности со кои им се излегува во пресрет на најсиромашните во општините.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа