Чарлс Трети е отпуштен од болница

 

Британскиот крал Чарлс Трети денеска бил отпуштен од приватна клиника во Лондон, откако беше подложен на медицинска интервенција поради зголемена простата, пренесе БТА.

Монархот, кој има 75 години, бил примен во болница каде што неговата снаа, принцезата од Велс, неодамна направила операција на абдоменот. Кенсингтонската палата претходно денеска соопшти дека таа се вратила дома.

На Чарлс, кој се искачи на тронот пред 16 месеци, оваа бенигна болест му беше дијагностицирана на 17 јануари. Тој ги откажа ангажманите пред медицинската процедура, која беше направена минатиот петок попладне.

Кралот одлучил однапред да ја објави интервенцијата за да ги охрабри другите мажи да ја проверат својата простата во согласност со советите за јавно здравје

29.01.2024 - 17:22

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега