Централна потерница за четворицата тепачи во М-НАВ кои се во бегство
По лицата во моментов се трага врз основа на централен распис. Пред да биде распишана меѓународна потерница потребно е да бидат преземени сите мерки на национално ниво за пронаоѓање на лицата на територија на РСМ. Доколку не бидат пронајдени, МВР за тоа треба да го извести обвинителството, велат од ОЈО за Прес24.
Според меѓународните конвенции за екстрадиција најпрво судија на претходна постапка треба да определи мерка притвор во отсуство за лицата кои не се достапни на органите на прогонот, по што обвинителството може да побара да биде распишана меѓународна потерница.
11.01.2024 - 12:36
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа