Цената на цигарите се зголеми за 10 денари, два месеца пред најавеното поскапување

Дел од цигарите во Македонија веќе поскапеа иако од Министерството за финансии изјавија дека поскапување ќе има на 1 јануари наредната година.

Како што објави еМагазин, се работи за поскапување од 10 денари и тоа за цигари кои ги произведува Империал Тобако Тутунски комбинат Скопје, поточно брендовите Вест, Бос, Давидов, Родео, Жаде.

Порталот за тоа добил потврда и од маркетите.

06.11.2023 - 19:43

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега