Бурата „Ханс“ ги погоди Шведска и Норвешка – поплавени се куќи и патишта

 

Бурата Ханс донесе невреме и обилни дождови во Шведска и Норвешка, некои патишта се под вода, а имаше и прекин во железничкиот и траектниот сообраќај.

Во Шведска во неделата се забележани повеќе од 25.000 удари од гром. Во Малме дошло до краток прекин во снабдувањето со електрична енергија, поради што повеќе од 5 илјади луѓе останале без, објави телевизијата „СВТ“.

Поплавени куќи и подруми беа пријавени во округот Вестернорланд на северот од земјата. Норвешките метеоролози очекуваат влошување на ситуацијата и предвидуваат дека Ханс може да стане најсилната бура во земјата во последните 25 години.

Норвешкиот метеоролошки институт, кој ја именуваше бурата Ханс, издаде силни предупредувања за големи делови од јужна Норвешка кои ќе бидат во сила до вторник навечер.

Некои општини се предупредени за можни одрони. Властите ги советуваа луѓето да работат од дома. Очекувајќи силни ветрови, забавниот парк Конгепаркен во близина на Ставангер веќе објави дека ќе остане затворен во вторник.

07.08.2023 - 19:12

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега