Бугарското МНР ни го честита Илинден: „Заедно го чуваме сеќавањето за подвигот на борците за слобода и рамноправност“

 

Бугарското Министерство за надворешни работи на Твитер профилот упати честитка за празникот Илинден на Северна Македонија.

-Честит Национален празник на Северна Македонија! Заедно го чуваме сеќавањето за подвигот на борците за слобода и рамноправност. Заедно гледаме кон заедничката иднина - Европската Унија, пишува бугарското МНР на Твитер.

Претходно, претседателот Румен Радев упати честитка до својот македонски колега Стево Пендаровски по повод државниот празник на Република Северна Македонија Илинден – Денот на Републиката, соопштија од прес-службата на шефот на државата.

Бугарскиот претседател во честитката истакна дека годинава се навршуваат 120 години од „Илинденско-Преображенското востание – величествен и значаен настан од заедничкото историско и културно минато на Бугарија и Република Северна Македонија“.

-Целта и саможртвата на хероите од Илинденско-Преображенското востание е еден од мостовите низ времето што ги поврзува двете земји и нивните граѓани, наведува шефот на бугарската држава. 

02.08.2023 - 14:59

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега