Бугарски виртуоз брутално искрен: Погледнете каде се Македонците, а каде сме ние

Јордан Лечков важи за еден од најдобрите фудбалери во историјата на бугарскиот фудбал, а сега како член на извршниот комитет на Бугарскиот фудбалски сојуз, легендарниот фудбалер јасно го коментираше значителниот пад во квалитетот на фудбалот во нивната репрезентација.

Последниот пораз од селекцијата на Финска е само продолжување на катастрофалната низа на резултати, бидејќи бугарската селекција со петтиот последоватенел неуспех во Лигата на нации е на работа од испаѓање од Б дивизијата во ова натпреварување. Легендарниот Лечков нагласи дека поразот од Финска бил претрпен во несреќни околности, но затоа нагласи дека проблемот на бугарскиот фудбал е многу подлабок и интересно, за споредба ги даде нашите фудбалери.

Популарниот „магионичар“ во својата земја ја даде за пример добрата работа на играчите од Македонија кои се почесто играат во најсилните лиги, а кои во јуни ќе играат и на Европското првенство.

– Уште пред 10 години реков дека треба да се насочиме кон домашното првенство, да ги следиме сите натпревари кои се играат во среда и сабота, да видиме каде играат нашите Бугари.

– Погледнете каков напредок направи Македонија, а не зборам само за пласманот на Европско првенство. Погледнете каде играат нивните играчи, а каде играат нашите момчиња. Отсекогаш сум го сакал најдоброто за нашиот национален тим, го кренавме нивото, но не смееме да паднеме толку ниско. Бескајно сум тажен, мора да имаме силно домашно првенство, а тоа е далеку од така. За жал, младите имаат се помалку желба за спорт. Реалноста е таа и сите сме виновни за тоа, – заклучи човекот кој беше дел од историскиот тим на Бугарија кој играше во полуфиналето на Светското првенство во 1994-та година.

 

 

 

Добивајте вести на Viber

17.11.2020 - 09:23

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега