Бројот на училишта се зголемува: Досега 13 дојави за бомби во Скопје

 

Нови дојави за поставени експлозивни направи се примени денеска на електронските адреси во 13 училишта во Скопје.

Од Министерството за внатрешни работи информираат дека во тек се антитерористичките проверки.

– Дo сега во СВР Скопје e пријавено дека на електронските адреси на 13 училишта во Скопје е упатена закана за поставена експлозивна направа. Веднаш по добиените пријави, од полициски службеници се преземени мерки за безбедно евакуирање на објектите и во тек се антитерористички проверки и се преземаат мерки за расчистување на случаите, наведуваат од МВР. 

22.12.2022 - 15:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега