БРАКО испорача 17 возила во САД и Обединетото Кралство

 


Во текот на април БРАКО испорача 17 возила за одржување хигиена во урбани средини во САД и Обединетото Кралство.

 Повеќе од половината од нив се електрични возила, додека останатите се возила на класичен погон.

 Овој пат клиентите имаа најголем интерес за моделите со рачно управување, во кои е вграден најсовремен систем за рециркулација на воздухот со што е зголемен капацитетот за филтрирање на прав и за три пати е зголемена ефикасноста за собирање на штетни честички. 

 

Интерес има и за класичните ,,636машини, од серијата која е надградена по највисоки европски и светски стандарди и за која неодамна е добиен ТУВ сертификат од Германија како потврда за меѓународен квалитет. 

24.04.2023 - 08:20

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега