Брачна двојка во Индија си ги отсекле главите со гилотина, децата им ги пронашле телата
Брачната двојка си го одзеде животот обезглавувајќи се со импровизирана гилотина.
Полицијата соопшти дека бизарната направа е направена за мажот и жената да можат да ги принесат главите како жртва.
Фармерот Хемубхаи Маквана (38) и неговата 35-годишна сопруга Хансабен си ги „отсекле“ главите со „механизам налик на гилотина“ во Винчи, село во Индија.
Ритуалот се случил помеѓу сабота навечер и недела попладне, откри полицијата.
Тие оставиле белешка на своето семејство кое живеело во близина, барајќи од нивните родители да се грижат за нивните деца, 13-годишен син и 12-годишна ќерка.
Во писмото се наведува и дека тие доброволно го сториле тоа и дека никој друг не е виновен. Роднините рекле дека парот се молел дома секој ден во годината пред нивната смрт. Токму децата ги пронашле нивните тела без глава на фармата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа