Борел: Русија ќе одговара за воените злосторства во Украина

 

Високиот претставник на ЕУ за надворешна политика и безбедност, Жосеп Борел, изјави дека Русија, која прибегнува кон масовно гранатирање на цивилното население и цивилната инфраструктура на Украина, ќе биде одговорна за овие воени злосторства.

„Русија ја почна новата година со истрелување преку сто проектили и беспилотни летала кон Киев, Харков и други градови гаѓајќи цивили и уништувајќи станбени области и инфраструктура. Русија ќе биде повикана на одговорност за своите воени злосторства“, напиша Борел на платформата „Икс“ („Твитер“).

Тој додаде дека Европската Унија ќе застане на страната на Украина.

Русија изврши воздушен напад врз Киев и Харков. Во рускиот напад загинаа пет лица, 130 беа повредени, а повеќе од 250 цивилни објекти беа оштетени.

03.01.2024 - 10:54

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега