Бомбастични тврдења на Андоновски: Корупција, скандали и дигитална неписменост

 


На гостувањето во емисијата “За или против" на Алфа ТВ, Министерот за дигитална трансформација, Стефан Андоновски, потенцираше дека Владата се бори со корупција во секоја област, која негативно влијае врз развојот на државата. 

"Работиме на дигитално поврзување на податоците меѓу институциите, што ќе ја зголеми транспарентноста и ќе помогне во спречувањето на корупцијата. Наодите од неколку ревизорски извештаи укажуваат на сериозни пропусти во управувањето со процесот на дигитализација од страна на претходната Влада. Ваквата неефикасност не само што ги фрустрира граѓаните кои очекуваат подобри дигитални услуги, туку и ги оптоварува државните финансии без да обезбеди очекувана вредност за вложените средства. Сегашното Министерство за дигитална трансформација веќе презема чекори за адресирање на овие проблеми и се спроведува детална анализа на сите релевантни извештаи, се подготвува акциски план за надминување на утврдените недостатоци, со цел да се надомести изгубеното време и да се постигнат конкретни резултати за граѓаните. Нашата цел е да обезбедиме транспарентно и ефикасно користење на јавните средства во иднина со што ќе се намалат коруптивните дејствија и процеси." , истакна Андоновски.  

Министерот Андоновски напомена и дека една од главните задачи на министерството е да се заштитат децата во онлајн просторот, односно младите да имаат безбедност, едукација и правилен развој во онлајн сферата.   

"Ако сакаме да превенираме, компонентата која е најважна, е да вложуваме во раната едукација и заштита на децата, а тоа можеме да го постигнеме со заеднички напори и сили и само со вклучување на сите во процесот. Ваквите активности и новитети, како што е Националниот центар и слично можат да бидат точката која тоа ќе го промени." , појасни Андоновски. 

Министерот за дигитална трансформација, говореше и за сајбер безбедноста, за чија цел, министерство подготвува национална стратегија. 

"Ја зајакнуваме нашата способност за превенција, детекција и брз одговор на сајбер закани. Ова е континуиран процес на кој му посветуваме најголемо внимание. Сајбер безбедноста е клучен приоритет за нашата Влада. Преку овие мерки, ние градиме дигитално отпорна Македонија, способна да се справи со современите сајбер предизвици." , дополни Андоновски.  

Андоновски во емисијата додаде дека скандалите кои се случувале од изминатите раководства на поедини институции, треба да бидат решени и истакна дека процесите се во тек и јавноста на дневно ниво ќе се информира што се презема во секоја институција, а процесите ќе продолжат и понатаму, се до конечно ослободување. 

"Кога ќе бидат решени процесите, на вистински начин ќе може да се поддржат иновациите, дигитализацијата, инвестициите и целокупниот напредок на општеството.", заклучи Андоновски.

19.09.2024 - 11:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега