Бојмацалиев во посета на припадничките од САЕ Тигар и ЕБР: Зголемен број на жени во специјалните единици

 


Денеска дополнителниот заменик министер за внатрешни работи Митко Бојмацалиев ги посети припадничките на Одделот за специјални полициски операции - Специјалната антитерористичка единица ТИГАР и Единицата за брзо распоредување, а по повод Меѓународниот Ден на жената - 8 Март, при што го честиташе празникот со цвеќе во знак на почит и благодарност за посветеноста во службата.

„Како напредна и прогресивна држава, ние се стремиме кон целосна рамноправност меѓу половите. Освен што треба да создадеме услови за жените да можат подеднакво да аплицираат за работа во полициската служба, треба заедно да работиме на елиминирање на состојбите што ги спречуваат жените да ја изберат безбедноста како своја професија", истакна Бојмацалиев. Притоа, тој рече дека изминативе години МВР оставри напредок во однос на унапредување на правата на жените.

„Во изминатите години, направен е значителен напредок во МВР, преземени се конкретни чекори во создавањето на економски силни и самостојни жени - зголемен број на жени на раководни позиции (сооднос од 50-50), како и во специјалните полициски единици, во ЕБР и САЕ ТИГАР. Покрај тоа што имаме еднаквост во одлуките, со новиот Колективен договор во МВР жените во полицијата се поддржани како мајки, со паричен надомест во висина од 100 евра во денарска противвредност", истакна Бојмацалиев, додавајќи дека целта е да се создадат задоволни полициски службеници кои работат за подобро општество на сите, да се забрза прогресот и да се овозможи иновативниот потенцијал на жените да биде двигател на промените.

08.03.2024 - 11:29

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега