Бочаварски се сретна со Тасевски: Побарал да не прекинува авиосообраќајот поради административни постапки во М-НАВ
Министерот за транспорт и врски Благој Бочварски попладнево остави работна средба со претседателот на Синдикатот при М-НАВ (ССКЛ), Александар Тасевски.
„На средбата министерот Бочварски побара од Синдикатот да не ја спроведуваат одлуката за прекин со работа од причина како што објасни министерот, административните постапки во М-НАВ не смеат да влијаат во професионалноста на Друштвото во насока на нормалното одвивање на ависообраќајот во земјава. Тој се заблагодари за разбирањето и подготвеноста на Синдикатот, интересот на граѓаните и државата да се стават во прв план.
Тие ги потврдија заложбите на Министерството и Синдикатот за надминување на оваа состојба и потенцираа дека доследно ќе се придржуваат кон Спогодбите од договорот од месец октомври меѓу менаџметот на М-НАВ, Синдикатот и Министерството за транспорт и врски како посредник за надминување на состојбите во Друштвото. Во однос на јавните огласи во М-НАВ, потврдуваме дека не се објавени во рок од два работни дена, односно применета е законска обврска за времетраење на јавниот оглас, од причина што огласот од правен аспект треба да се реализира до крај на оваа година“, соопштија од Министерството за транспорт и врски.
„Она што се согласни министерот Бочварски и претседателот на Синдикатот е дека во наредниот период во постапките за сите јавни огласи за нови вработувања во делот на оперативниот кадар, ќе биде вклучен и Синдикатот, како пракса во насока на подигнување на повисоко ниво на човечкиот и техничкиот капацитет на М-НАВ.
Средбите меѓу засегнатите страни ќе продолжат и понатму за подобра координација и подигнување на нивото на транспарентноста за сите прашања. На крај на средбата министерот Бочварски му се заблагодари на претседателот на Синдикатот, Александар Тасевски како дел од оперативниот кадар на М-НАВ 1 Министерство за транспорт и врски на Република Северна Македонија ул. „Плоштад Црвена Скопска општина бр 4. Скопје Република Северна Македонија +389 2 3145 497 www.mtc.gov.mk за посветеноста во работата и успешната година во делот на воздухопловните операции и рекордна бројка на превезени патници во ависообраќајот во Северна Македонија, особено за успешната поддршка за реализација на Министерскиот самит на ОБСЕ 2023 го Скопје“, се наведува во соопштението на ресорното министерство.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа