Боцевски: Политиката на попуштање на Заев и неговите наследници доживува дебакл

 

Ова е дебакл на политиката на Заев и неговите наследници и анкетата на Детектор јасно го покажува тоа, вели поранешниот амбасадор Ивица Боцевски.
Тој објаснува дека народот е многу мудар и во целиот овој процес ги спори само оние елементи кои не се дел од интеграциите, како промена на името, насилно внесување на Бугарите во Уставот. Боцевски вели дека ако го смениме Уставот, Македонија ќе биде во заложништво на Бугарија

„Народот не спори ниту една од реформите поврзани со ЕУ, ниту реформите во јавната администрација ниту било која реформа која што е дел од евроагендата. Народот го спори тоа што не е дел од европските интеграции како промена на името, како барања за насилно внесување на една етничка група во нашиот Устав и други барања кои што произлегуваат од целата таа рамка. Совршено се информирани луѓето околу сите детали за оваа работа. Не беше добро испреговарано. Се брзаше за да се прикаже успех за таа работа“ објаснува Боцевски. 

14.05.2023 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега