Блинкен стравува дека „Вагнер“ и Москва ја користат нестабилната ситуација во Нигер

 

 

Руската паравоена група „Вагнер“ ја користи нестабилната ситуација во Нигер, изјави американскиот државен секретар, Ентони Блинкен.

Со оваа африканска земја владее воена хунта по државниот удар, со кој беше соборен претседателот Мохамед Базум пред околу две недели.

Некои извори тврдат дека водачите на хунтата побарале помош од „Вагнер“, чии војници веќе се во соседен Мали.

Блинкен за Би-би-си изјави дека не верува оти Русија или „Вагнер“ го предизвикале државниот удар во Нигер.

Сепак, САД се загрижени дека паравоената група „можеби се манифестира“ во делови од регионот Сахел, додаде тој.

„Мислам дека она што се случува во Нигер не е поттикнато од Русија или ‘Вагнер’, туку тие се обидуваат да ја искористат ситуацијата. Каде и да отиде ‘Вагнер’, следуваше смрт, уништување и експлоатација“, рече американскиот државен секретар.

Се верува дека „Вагнер“ има илјадници борци во земји како што се Централноафриканската Република и Мали, каде што групата има профитабилни деловни интереси и има задача да ги зајакне руските дипломатски и економски врски.

 

Макфакс

08.08.2023 - 16:14

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега