Блинкен потврди: Во Стејт департментот има несогласување за војната во Газа

 

Американскиот државен секретар Ентони Блинкен денеска за првпат јавно потврди дека добил поплаки од персоналот на Стејт департментот за односот на администрацијата на американскиот претседател Џо Бајден кон војната во Газа.

„Од октомври, неколку луѓе во Стејт департментот покренаа прашања, изразија загриженост, критики за политиката што ја спроведува Израел, политиката што ја спроведуваме ние“, рече Блинкен во интервју за Си-ен-би-си во Давос.

„Имаме нешто што се нарекува „Канал на несогласување“ што му овозможува на секој да ја изрази својата загриженост. Имавме многу од тоа. Читам сè“, рече тој.

Други американски ТВ мрежи, исто така, известуваа за гневот на вработените во администрацијата на Бајден поради политиката кон војната во Газа, а особено бројот на цивилни жртви што продолжува да расте.

16.01.2024 - 22:07

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега