Благојче не го дочека лекот Трикафта – почина првиот пациент со цистична фиброза

 

Здружението за цистична фиброза во изјава за „Фактор“ потврдило дека најтешко болниот пациент од реткото заболување цистична фиброза, Благојче Илиевски починал.

За жал, Илиевски не го дочека лекот Трикафта.

Последната изјава на Благојче била токму за порталот Фактор, за вест која била објавена утрово. 

-Јас верувам дека сум во онаа група од осум пациенти кои сме во најтешка здравствена состојба и дека први би го добиле, но образложението дека процедурата ќе биде подолга додека се случи набавката, некако нè обесхрабри. Од последниот пат кога разговаравме, а тоа беше кон крајот не ноември, јас уште еднаш бев хоспитализиран. Повторно 12 дена на Клиниката за пулмологија, го чистат белодробието до секретот, но верувајте состојбата не ми се подобрува, и сега ме слушате како едвај дишам, како не можам да искашлам...Ми останува навистина само да се надевам дека ќе дочекам да почнам терапија со „Трикафта“, ова се последните зборови на Благојче.

08.02.2023 - 13:51

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега