Битиќи за ТВ Стар: Во 2023 ќе ја преполовиме инфлацијата

 

Тековната 2023 година ќе ја преполовиме инфлацијата, додека 2024-та, ќе биде година на економско закрепнување со позитивен економски тренд, изјави  заменикот на претсетседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, координација на економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи во интервју за емисијата „Што мисли народот“, која се емитува на ТВ Стар од Штип.

Вицепремиерот Битиќи рече дека во Европа каде што ние припаѓаме, поточно во земјите на Европска Унија (ЕУ) и земјите аспиранти, заклучокот е еден, дека добро се справивме со енергетската, и економската криза и дека тоа ќе има ефект во намалување на инфлацијата, не само кај нас туке секаде во Европа.

„Инфлацијата кај нас е увезена, затоа што побургу закрепнат економиите во земјите членки на ЕУ толку бргу и ние ќе закрепнеме. Нашето предвидување е дека оваа година ќе ја преполовиме инфлацијата од таа што ја имавме минатата година, и ако не се случат големи непредвидливи случувања со војната во Украина, оваа година ќе имаме закрепнување, додека предвидувањата за 2024 година се дека сите економии, особено тие со кои сме увозно и извозно зависни ќе закрепнат, вклучително и нашата“, изјави Битиќи и додаде дека политичките привирања во земјава, особено тие за дневно политички поени, го спречуваат побрзото закрепнување на нашата економија.

Вицепремиерот Битиќи се осврна и на актуелните теми од економијата, особено на последните замрзнувања на цените, за кои рече дека се мерки со кои државата го штити граѓанинот од општествената неодговорност на некои економски чинители.

Вицепремиерот рече дека краткорочниот ефект на замрзнувањето на цените е да им помогнеме на граќаните да не бидат оставени сами носејќи го најголемиот товар од зголемувањето на цените, особено после субвенционирањето на компаниите, кои и покрај добиените народни пари сепак ги покачија цените на основните продукти.

Во интервјуто на Тв Стар, вицепремиерот Битиќи говореше и за енергетската криза, за која рече дека ја надминавме преку еден сериозен пристап на Владата, која ги демантираше апокалиптичните најави дека ќе имаме енергетски колапс, но се осврна и на ред други актуелни теми, како што е увозот на работна сила, покачувањето на минималната плата и на пензиите и реформите во Јавниот сектор.

21.03.2023 - 11:08

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега