Битиќи во Валандово: Преку поддршката на нови инвестиции го потикнуваме локалниот економски развој
Успешната и развојна деловна активност на „ДИМ Комерц“ е пример за тоа како владините економски политики даваат реални и конкретни резултати во делот на поттикнувањето и унапредувањето на рамномерниот регионален развој, изјави заменик-претседателот на Владата на Република Северна Македонија задолжен за економски прашања, Фатмир Битиќи, при посетата на компанијата „ДИМ Комерц“ од Валандово која е поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите.
Вицепремиерот Битиќи изјави дека компанијата преку континуирано вложување и унапредување на производството успева да ја одржи својата конкурентност на странските пазари. Преку поддршката на нови инвестиции го потикнуваме локалниот економски развој, вели тој.
„Со постојано усвојување на најсовремени деловни практики и технологии во доменот на преработка и конзервирање на овошје и зеленчук, со заокружен процес на производство, т.н. „од семка до готов производ“, „ДИМ Комерц“ е пример за растечка, развојна и одржлива компанија во нашава земја, надвор од најразвиениот Скопски плански регион, а која е поддржана преку Законот за финансиска поддршка на инвестициите“, изјави Битиќи.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа