Битиќи: Во институциите сѐ уште има остатоци од поранешниот режим на Груевски

 

Вицепремиерот Фатмир Битиќи во вечерашното гостување на ТВ „Клан“ ги коментираше неодамнешните анкети, според кои довербата на граѓаните во судството и понатаму е ниска.

 

Според Битиќи, во институциите сѐ уште има „остатоци од поранешниот режим на Груевски“.

„Таа моќ со која толку упорно се боревме, имаше многу длабоки корени, а за да се поништи такво нешто, потребен е малку подолг период. Сè уште гледаме дека, иако има промена на власта, во различни институции превладува она што го видовме во периодот 2006-16 година“, рече Битиќи во емисијата „Клан Дебата“.

 

19.12.2022 - 23:33

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега